Лавина денеска затрупа околу десет лица во ски-центар во Австрија, јави австриската новинска агенција АПА. Лавина затрупа со снег дел од ски-центарот Лех/Цуерс во западна Австрија, јави АПА, додавајќи дека едно лице е спасено.
Несреќата се случила околу 15 часот, а на местото веднаш биле испратени неколку хеликоптери со спасувачки екипи. „Правиме се што е можно за да ги спасиме луѓето“, се вели во соопштението на општината Лех.
#Lech: lawine
1 persoon levend geborgen (gewond). Naar 9 vermisten wordt momenteel nog gezocht. (Info via ORF) pic.twitter.com/eiOsjZO5sh— Hans ter braak (@hansterbraak) December 25, 2022
Во потрагата учествуваат повеќе од 200 луѓе. Спасувачката операција продолжува и по стемнување, но употребата на неколку хеликоптери е прекината. Спасувачите побарале шлемови со монтирани светилки за да продолжат со потрагата по затрупаните лица во вечерните часови.
Во текот на неделата експертите предупредија на можна појава на лавини на австриските планини.
Г.Т.