Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси не побарал од клубот да му даде можност да го покаже трофејот од Светското првенство во 2022 година на домашниот стадион на парижаните, напиша новинарот на „RMC Sport“, Артур Перо.
На 22 декември се појави информација дека 35-годишниот Аргентинец сака да им го претстави пехарот од Светското првенство на француските навивачи на следниот домашен натпревар на парижаните.
Беше објавено дека Меси побарал од управата на ПСЖ да го дозволи тоа, но клупските газди се исплашиле од реакцијата на навивачите.
Меси со репрезентацијата на Аргентина ја победи Франција (3:3, 4:2 по пенали) во финалето на Светското првенство 2022 година и првпат во кариерата го освои овој трофеј.
Првиот домашен натпревар на ПСЖ по паузата ќе го одигра на 28 декември. Тимот во 16. коло од Лига 1 ќе игра против Стразбур