ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: Економијата може да одговори на зголемување на минималната плата на 20.000 денари

December 26, 2022 15:00
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во првиот квартал од идната година ќе имаме зголемување на минималната плата, согласно  методологијата што беше направена на самиот почеток на мандатот на оваа Влада, која предвидува дека минималната плата се усогласува 50 проценти со зголемувањето на трошоците за живот и 50 отсто со растот на просечната плата, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

– Имаме елемент на зголемување на продуктивноста на трудот и сметам дека економијата може соодветно да одговори на ова зголемување на минималната плата, истакна Ковачевски во одговор на новинарско прашање дали домашната економија во сегашните услови може да издржи нов „минималец“ од 20.000 денари.

– Јас бев директно вклучен во преговорите за минималната плата кај компаниите, особено кај членките на големите стопански комори, како и во ТИРЗ-овите, и при минатото зголемување на минималната плата не постоеше поголем проблем, бидејќи најголем дел од платите во приватниот сектор се на повисоко ниво, особено за стручните позиции. И самите гледаме дека преку зголемувањето на просечната плата во државата, сега многу повеќе се цени трудот на работниците, од случајот што беше порано во време на минатата власт, кога минималната плата беше на ниво од 8.000 денари, а просечната плата беше далеку помала од оваа што ја имаме денеска, нагласи Ковачевски.

Прашан која е пречката што не може да се издаваат општинските обврзници, Ковачевски одговори дека не постои некоја субјективна причина за нивно неиздавање, но кога станува збор за задолжувања, секогаш се прават соодветни анализи од страна на службите во министерствата.

– Тука се работи за Министерството за финансии, Секторот за јавен долг, итн. Штом ќе бидат направени сите анализи, согласно Стратегијата за јавен долг на државата и согласно со претпоставките од таа Стратегија за јавен долг, која што се одобрува од Парламентот на крајот на денот и која што оди заедно со Буџетот, доколку е во рамките на претпоставките, тогаш процедурата ќе продолжи, така што не постои некоја субјективна причина, потенцира премиерот.

Ковачевски заедно со министрите за транспорт и врски и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Благој Бочварски и Љупчо Николовски, како и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, присуствуваа на пуштањето во употреба на делницата Крупиште – Кочани од експресниот пат Штип – Кочани.

Next Post

Кирјос: Во 2022 година станав еден вид икона, многу луѓе се привлечени од мојот тип на тенис

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk