ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пендаровски ја врачи Големата годишна награда за најуспешно архитектонско дело во 2022 година

December 27, 2022 10:37
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер ја врачи Големата годишна награда за архитектура за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2022 година на Марија Димитриевска и Елена Пазарџиевска, авторките на проектот Вила за современо домување, викенд населба на велешко езеро Младост.

Големата годишна награда се доделува во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, а претседателот Пендаровски е покровител на традиционалната манифестација.

Во своето обраќање, претседателот Пендаровски истакна дека оваа манифестација дава извонредна можност да се фрли поглед врз актуелните случувања во македонската архитектура која ги одразува општествените, економските, технолошките и естетските тенденции на национално и меѓународно ниво.

Тој рече дека градителството во транзицијата кај нас е обременето од трката за брза заработка и посочи на дилемата со која се соочува секој архитект, како да се задоволи барањето на инвеститорите, а да не се згази врз сопствениот творечки талент и да се гради по мерка на човекот и неговите потреби.

Претседателот ги истакна новите генерации македонски архитекти, за кои рече дека се достојни наследници на нашата позната традиционална архитектура, која сведочи за нашето постоење, нашата култура, етика и хуманизам.

„Посакувам и понатаму да опстојувате на своите убедувања и естетика не правејќи компромис и не компромитирајќи се без разлика на околностите и карактерот на времето во кои живееме. Впрочем, вие сте дел од интелектуалното и критичко јадро во општеството и таа своја улога не смеете да ја загубите или релативизирате“, порача претседателот Пендаровски.

Next Post

По акцијата на ГП „Табановце“, кривични пријави заработија 12 полицски службеници

Shortcut

Најново

Цаневска-Арсовска со три прашања до Ѓеорѓиевски: Каде се парите на скопјани, кој ги именува директорите и зошто Скопје се дави во смет?

June 9, 2026

Мицкоски: За новиот клинички центар разгледуваме локација кај базенот „Борис Трајковски, кој заедно со  „8 Септември“ и поликлиниката Букурешт би бил еден целосен комплекс

June 9, 2026

Тошковски: Со поддршка од EU4FAST ја зајакнуваме борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе

June 9, 2026

Петровска: Власта нема капацитет за реформи и ја губи довербата во институциите

June 9, 2026

Како од 24 часа се прават 48

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk