ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Битиќи: Новите вработувања во УЈП со префрлање на вработени од други институции, но и целосно нови

December 28, 2022 12:18
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Управата за јавни приходи  (УЈП) ќе имаат можност да се пријават за вработување сите кои ги исполнуваат условите, односно ќе се префрлаат вработени од други институции, но ќе има и целосно нови вработувања.

– Нашата заложба е дека мора да ги јакнеме инспекциските служби и да се бориме против неформална економија, мораме да овозможиме механизам со кој ќе го контролираме системот. Во наредниот период ќе продолжат вработувањата кај инспекциските служби во сите сектори. Но, нема да може да имаме на ниво на кое претходно сме се навикнале вештачки да се зголемува бројот. Ќе има хоризонтално движење на луѓето, но и вертикално вижење во самите институции на луѓето по различни основи за да ги пополнуваат работните места, рече на денешната прес-конференција вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, одговарајќи на новинарско прашање околу новите вработувања во УЈП.

Тој вели дека не секогаш особено кај инспекциските сужби од другите институции е лесно да се најдат луѓе кои одговараат на квалификациите и затоа се дава можност и на нови луѓе да влезат. Според Битиќи, бројот одговара на потребите кои овој период се појавуваат.

Прашан колку е намален вкупниот број административци за една година, Битиќи одговори дека само по основ на пензионирање е намален за илјадници.

– На ниедна влада не е императив да се направат чекори со кои на вештачки начин ќе се намалува бројот на административците. Како што му помагаме на приватниот сектор да се зголеми продуктивноста на нивната работна сила, конкурентоста, нивната ефикасност во работата, тоа го правиме и во јавниот сектор. На крајот на денот услугите на тие кои се од јавниот сектор доаѓаат за вас како граѓани и за мене. Ако ние на крај не можеме да добиеме услуга од тие што ги плаќаме, секако ќе бараме да се зголеми ефикасноста и ефективноста на нивното работење. Со реорганзиацијата која е почната во јавната администрација полека ќе се намалува бројот да се оптимизираат работните места и да се зголеми квалитетот на услуги, рече Битиќи.

Во однос на зголемувањата на платите во Министерството за финанансии предвидени со новиот Буџет, вицепремиерот вели дека вработените во Министерството добиваат нов третман и нова систематизација и нов начин на добивање средства.

– МФ е столбот во една држава, тие се одговорни да креираат политики, но и се чувари на средствата на државата и мора соодветно да мотивираме луѓето да останат во Министерството и затоа искрено јас имам различно гледање на што е многу и што е малку. Ако ме прашате дали е многу 30 посто за луѓето вработени во МФ или луѓето во мојот кабинет ќе речам дека е тоа малку,  затоа што тие заслужуваат повеќе. Го знаете мојот став во однос на платите – и во јавниот и приватниот сектор, парите мора да бидат достоинствени и да одговараат на пазарот на труд, рече Битиќи додавајќи дека неговата плата нема да биде зголемена

Next Post

За Нова Година топло време, температура до 16 степени

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk