ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Деспотовски: ТИРЗ склучи договор со ЕСМ, обезбедено стабилно снабдување со гас во скопската зона

December 28, 2022 14:42
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Јован Деспотовски. Фото: Дехран Муратов

Јован Деспотовски. Фото: Дехран Муратов

Share on FacebookShare on Twitter

Дирекцијата на технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ) денеска склучи договор со ЕСМ Продажба, со којшто, како што соопшти директорот Јован Деспотовски, од 1 јануари следната година, корисниците на природен гас во скопската зона имаат обезбедено стабилно снабдување. Цената е некаде околу 40 проценти пониска од износите што се плаќаа во пикот на енергетската криза.

– Имаме стабилно снабдување и тоа што е многу важно, имаме снабдување од извори, различни од досегашните. Билансите ќе ги почекаме со завршните сметки, но податоците со коишто располагаме е нето износот, говорат дека разликата помеѓу приходите и трошоците сепак одржува одреден баланс. Растот на цената на струјата секако ќе има влијание врз добивката но дополнителен фактор е и растот на платата. Станува збор за раст што секако е поголем од 15 проценти. Овие два фактори имале влијание врз работата на компаниите, но вредноста на нето износот, сè што е извезено одржува стабилно ниво, што значи дека компаниите имаат, истакна Деспотовски на денешниот брифинг со медиумите.

Оваа година ја оцени како успешна по повеќе параметри во однос на технолошко-индустриските работни зони.

– Обемот на постигнат договори достигна бројка до 430 милиони евра. Што е секако рекордно досега, двојно повеќе во однос на минатата година. Веќе сме многу блиску до целта што ја зацртавме, до 2024 година да стасаме до инвестиции што треба да достигнат милијарда евра. Сите нови инвестиции, што дел се веќе во фаза на реализација, предвидуваат повеќе од 4.300 работни места. Можам слободно да кажам дека имаме зголемување на бројот на работни места од почетокот на оваа година за некаде повеќе од 20 проценти, појаснува директорот на ТИРЗ.

Податоците за увозот и извозот ќе бидат објавени по Нова година.

– Онаа бројка од три милијарди евра извоз што ја имавме минатата година, со податоците заклучно од ноември веќе е зголемена за 20 проценти. По повеќе параметри работата на самите компании, но и на институциите задолжени да го координираат процесот на привлекување на инвестиции можам да го оценам како повеќе од успешен, рече Деспотовски.

Истакна дека дел од новокреираните работни места во изминатава година делумно се должат на тоа што неколку фирми префрлиле дел од бизнисите од Украина во земјава.

– Со една од тие фирми потпишавме и договор за реализација на целосно нова фаза на инвестиција и таму има забележителен раст на бројот на работни места. Можеби не сме многу среќни за тоа што се случува во Украина и оти дел од бизнисот се префрла во земјава, но правиме се и на нашите компании корисници да им излеземе во пресрет да можат да се снајдат, вели Деспотовски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕСМЈован ДеспотовскиТИРЗ
Next Post

(ИЗБОР) Албански медиуми: Затворени три гранични премини од Косово кон Србија, Вучиќ прави се за одржување на мирот, Сервер ги обвини платениците на Белград

НАЈНОВО

Креирано со помош на ВИ

Повеќе од скандал: Трамп објави видео креирано од ВИ како фрла измет врз Американците

October 19, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Утрово грабеж во Лувр, музејот затворен за посетители

October 19, 2025

Зеленски: За една недела Русија употреби речиси 50 ракети, 3.270 дронови и 1.370 наведувани воздушни бомби против Украина

October 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk