Не може Мицкоски да уценува со политичка криза, тоа е неодговорно, да се закануваме со криза доколку не биде по наше, рече Јован Деспотовски во „Само вистина“.
Ако Мицкоски посакува криза, државата може да се движи во тој правец, но таква уцена би била неодговорна, ги коментираше директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски последните изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, во гостувањето на „Само вистина“ на Канал 5.
„Ако еден од клучните актери на политичката сцена како што е Мицкоски најавува или посакува политичка криза тогаш несомнено државата може да се движи во тој правец. Носењето на одредени клучни законски проекти не може да биде изговор и не може да биде условувани или уценувано со политичка криза и со креирање на политичка криза. Тоа е неодговорно, да се закануваме со криза доколку не биде по наше“, нагласи директорот на ФИТР Деспотовски за време на ТВ дебатата.





