ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Фупи – Жирафата сираче му се враќа на својот шепкач

Лекупанија е чуварот на животни кој ја спасил Фупи откако паднала во ров. Секое утро, Фупи и другите рехабилитирани жирафи му доаѓаат во посета. 

January 11, 2023 21:44
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, СВЕТ
Фото: Еми Витал

Фото: Еми Витал

Интервју на Грем Грин

Лекупанија е неверојатен шепкач на животни. Пред да стане еден од најдобрите чувари на дивината во Кенија водел грижата за семејниот добиток. Досега има рехабилитирано безброј видови, и никогаш не изгубил животно за кое се грижел. Успеал ги спаси дури и најранливите суштества, како што е зебрата Греви, која се смета за загрозен вид.

Лекупанија работи во Заштита на дивиот свет Намуњак на далечниот север на Кенија. Жирафата е сираче, „мрежеста жирафа“ по име Фупи, што на свахили значи кус. Фупи се повредила кога паднала во канал. Таа била рехабилитирана и вратена во дивината. И сега сите рехабилитирани жирафи доаѓаат секое утро во посета на Лекупанија. Кружат низ шталите и го поздравуваат, а потоа се враќаат во дивината.

Оваа фотографија е направена во 2016 година, во период на суша. Жирафите денес полека и тивко исчезнуваат. Понекогаш тоа се должи на ловокрадството, но во овој дел на Кенија главно е поврзано со сушата и поради губење на живеалиштата. Тековните проценки покажуваат дека популацијата на жирафи низ Африка се намалила за 40% за три децении, од околу 155.000 во доцните 1980-ти на помалку од 100.000 денес. И има помалку од 16.000 мрежести жирафи низ Африка. Западноафриканските и жирафите на Ротшилд се соочуваат со уште пострашни ситуации.

Моментот измина брзо: Фупи се наведна и тоа беше се

Имам само неколку рамки од овој момент. Бев прилично далеку кога ја видов. Обидувајќи се да не ја исплашам жирафата, се блиближив брзо и тивко за да можам да ја доловам интимноста меѓу двајца. Моментот измина брзо: жирафата се наведна и тоа беше се.

Фотографијата, за мене, секогаш беше желбата да го сфатам светот во кој живееме. Сакав да разберам зошто има толку многу страдања и да станам конфликтен фотограф кој ја покрива војната во Косово, потоа Ангола, Авганистан, Израел-Палестина, и Сиера Леоне. Четири години го фотографирав конфликтот меѓу Индија и Пакистан – за да се обидам да го разберам подлабоко.

Сфатив дека позадината на секоја приказна е природниот свет. Во некои случаи, тоа беше недостигот на основни ресурси, како вода. Во други, тоа беше промената на климата и загуба на плодната почва. Но, почнав да разбирам дека секогаш барањата поставени на нашиот екосистем се тие што предизвикуваат конфликти и страдање. Домородните заедници отсекогаш разбирале колку е важен природниот свет за нивното постоење. Верувам дека тие ги држат клучевите за спасување на она што останало од дивиот свет и природата.

Треба да ги раскажам овие приказни, бидејќи поминуваме низ шесто масовно истребување. Моите приказни се фокусираат на предизвиците, но се обидувам да најдам решенија и да ги зајакнам важните гласови на кои традиционално не им се дава предност.

Фотографијата е моќен начин да се инспирираат луѓето да се грижат за планетата. Потребни ни се повеќе раскажувачи и фотографи кои се фокусираат на прашањата за животната средина, поради што ја основав непрофитната организација Vital Impacts која собира средства за проекти за заштита од грасрут преку продажба на ликовна уметност. Исто така, изградивме програма за менторство за 50 апликанти и два грантови од 20.000 американски долари за фотографи да работат на долгорочно раскажување приказни за животната средина. Сакам да создадам цела генерација активисти.

Подготви: М. Пешевска

Извор: Гардијан

Tags: активистиекосистем жирафаКенијаКлиматски променифотографијаФупи
Next Post
(Esa Hiltula/Getty Images/iStockphoto)

Пластичните вилушки на чекор да станат реткост бидејќи Англија се приклучува на глобалните напори да ги забрани

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Шок за Манчестер јунајтед, елиминиран од четвртолигашот Гримсби Таун во Лига купот

August 28, 2025

Три лица осомничени за убиството пред казино во Кавадарци

August 28, 2025

Јавниот градски автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Триатлонецот Јован Кутаноски утре ќе плива од Струга до Радожда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk