АД ЕСМ вчера произведе 18.543 мегават часа електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.
Во Термоелектраните произведени се 15.589 мегават часа, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.954 мегават часа. -Во изминатото деноноќие АД ЕСМ продаде 330 мегават часа ноќни вишоци електрична енергија, информираат од Владата.