Пратеникот од СДСМ Мартин Костовски во објава на Фејсбук го искажа својот став, но и упати прашања кон опозицијата по однос на инцидентот со нивниот партиски член во Охрид.
Кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот „Мицко војвода“ за претепаниот нивен член во Охрид инаку секретар на клубот ,,Цар Борис“
Народот мора да знае дека вмровците се спремни буквално на се, за да го спречат Европското интегрирање на Македонија!
Ако се внесат бугарите во Уставот, пропаѓа вмровската идеја -еден народ, две држави!
Да бидеме мудри, да бидеме трезвени, не проаѓаат провокации и конструкции, поминаа времиња кога ни се сервираа националистички саги, потребен ни е модерен европски патриотизам-ги почитуваме сите-првин се почитуваме себе си, истакнува пратеникот.