Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ги повика лидерите на земјите-членки да продолжат со разговорите за користење на замрзнатите средства на Руската централна банка, во износ од 300 милијарди евра, за обнова на Украина.
Во интервју за „Фајненшл тајмс“, Мишел рече дека сака да истражи како замрзнатите средства на Руската централна банка би можеле да генерираат профит што потоа би можел да се искористи во напорите за обновување на Украина.
„Ова е прашање на правда и правичност и мора да се реши во согласност со правните принципи“, истакна претседателот на Европскиот совет.
ЕУ блокираше 300 милијарди евра резерви на Руската Централна банка минатиот ноември за да ја казни Москва за нејзината инвазија на Украина.