Компанијата Мета одлучи да ги врати профилите на Доналд Трамп, поранешниот американски претседател кој беше суспендиран од овие платформи по немирите во Капитол во 2021 година.
Одлуката за враќање на профилите Мета ја образложи со тоа што, како што соопшти, вовеле нови заштитни мерки за да не се повторат причините поради кои Трамп ги загубил профилите. Освен тоа, велат дека јавноста треба да биде свесна што мислат и зборуваат нивните политичари, а Трамп би можел да се врати на социјалните мрежи на Мета во наредните недели.
Ник Клег, претседателот на Мета за глобални прашања и некогашен вицепремиер на Велика Британија, изјави дека Мета не сака да им пречи на луѓето слободно да гласаат на изборите.
– Граѓаните треба да можат да слушнат што зборуваат политичарите – добро, лошо и грдо – за да бидат доволно информирани и да донесат одлуки на избори, рече Клег.
Трамп, во суштина, на овие социјални мрежи ќе биде на „условна слобода“ бидејќи ќе се соочи со уште построги казни доколку повторно ги прекрши правилата на Мета. Во тој случај, тој би можел да се соочи со трајно отстранување на профилите