ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Изложба во МНР „За мене не постои друг избор“ по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот

January 27, 2023 14:33
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со изложба „За мене не постои друг избор” и пригодни обраќања денеска во Министерството за надворешни работи беше одбележан 27 Јануари – Меѓународниот ден во спомен на жртвите на Холокаустот.

Како што соопшти МНР, настанот почна со една минута молк, во знак на почит кон жртвите кои настрадаа само затоа што беа Евреи. Воведно обраќање имаше министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој, меѓу другото, ја нагласи важноста од сеќавање на Холокаустот кој не смее никогаш да се повтори и потребата од учење на лекциите кои што произлегуваат од тоа.

-Евреите ја платија најголемата цена на злосторничката нацистичката идеологија. Денес се сеќаваме на шестте милиони Евреи кои не го преживеаја Холокаустот. Наспроти огромните жртви, Евреите победија! ,,Ам Исраел Хај“ – или во превод, „живее народот на Израел“ се слуша денес на сите страни на светот каде што живеат Евреи. Таа нивна победа над програмираното и системски спроведувано зло, е и наша победа, победа на целото човештво. Таа победа е и предупредување: никогаш, никому и никаде повеќе! И затоа, 27 јануари е датум длабоко врежан во нашата меморија. Но не само да остане меморија, туку да биде и завет за иднината, рече Османи.

Османи истакна дека сеќавањето, образованието и развивањето на вистинските хумани вредности на меѓусебна почит, уважување и толеранција, се особено важни за превенирање оваа зло никогаш повеќе, никаде и кон никому да не се повтори.

–Северна Македонија, горда на своето мултиетничко и мултикултурно општество, каде што секој граѓанин се чувствува свој на своето, независно од неговото име, потекло, јазик или вера, го чува и ќе го чува споменот на Холокаустот, на шесте милиони убиени Евреи, меѓу кои и 7.144 наши сограѓани, кои посебно ќе ги споменеме повторно и на 11 март, на 80-годишнината од нивната депортација во Треблинка, подвлече министерот.

Пригодни обраќања имаа и амбасадорките на САД, Анџела Агелер, на Шведска, Ами Ларсон Џејн и на Израел, Симона Франкел, како и претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви.

Во присуство на амбасадори и други претставници на дипломатскиот кор, претставници на Еврејската заедница, на државните институции и академската заедница, одбележувањето на 27 јануари се заокружи со изложба насловена “За мене не постои друг избор”, придонес на Шведската амбасада во Скопје. Изложбата е сторија за шведскиот дипломат Раул Валенберг, кој успеал да спаси бројни еврејски животи за време на Втората Светска војна во тогаш окупираната Унгарија.

Како земја членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот (ИХРА), Северна Македонија се сеќава на сите жртви од оваа црна дамка на историјата на човештвото, со цел да не биде заборавена и надеж – никогаш повеќе да не биде повторена, се наведува во соопштението. 

Next Post

ЦИВИЛ: На светот му се потребни сили што меѓусебно се поврзуваат и почитуваат, а глобалното зло, Холокаустот, да остане во темното минато

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk