ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА СТРАНА

Собранието го донесе Законот за управување со отпад по скратена постапка

Со Законот за управување со отпад се забранува увоз на отпад што се користи како извор на енергија. Предлагачи на Законот беа пратеничките на ДОМ Маја Морачанин и Лилјана Поповска. -Со предложените законски решенија во Предлог на законот за изменување на Законот за управување со отпадот ќе се постигне поголема заштита на животната средина и пред сè на здравјето на луѓето и ќе се укине можноста за увоз на отпад кој со одредбата во постојниот закон се користи како извор на енергија, се вели во образложението на пратеничките Морачанин и Поповска

February 5, 2020 19:01
in ЗЕЛЕНА СТРАНА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Арбен Зеќири

Фото: Арбен Зеќири

Share on FacebookShare on Twitter

Собранието во продолжението на 130-та седница со 62 гласа „за“ го донесе Законот за управување со отпад по скратена постапка.

Со Законот за управување со отпад се забранува увоз на отпад што се користи како извор на енергија.

Предлагачи на Законот беа пратеничките на ДОМ Маја Морачанин и Лилјана Поповска.

-Со предложените законски решенија во Предлог на законот за изменување на Законот за управување со отпадот ќе се постигне поголема заштита на животната средина и пред сè на здравјето на луѓето и ќе се укине можноста за увоз на отпад кој со одредбата во постојниот закон се користи како извор на енергија, се вели во образложението на пратеничките Морачанин и Поповска.

Со новиот Закон и натаму се забранува увоз на отпад за складирање заради отстранување, и увоз на опасен отпад што е измешан со неопасен отпад или со други компоненти кои ја намалуваат штетноста и опасните карактеристики на отпадот.

Останува дозволен увоз на отпад што може безбедно да се преработи, без опасност од загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето, како и да се користи како суровина.

Со 65 гласа „за“ и еден „воздржан“ беше изгласан и Законот за отпис на камати и репрограмирање долгови и трошоци на физички лица, по скратена постапка, како и Законот за субвенциониран студенстки оброк.
Беше донесен Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светската банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за администрирање на социјалното осигурување, по скратена постапка.

Претходно, во рамки на 131-та седница, пратениците ги усвоија и предлог-заклучоците за енормното загадување на амбиенталниот воздух во Северна Македонија и го изгласаа Законот за енергетска ефикасност.

Во рамки на оваа седница беа усвоени Законот за ратификација на Амандманот кон Монтреалскиот протокол за супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка, како и Законот за ратификација на Минамата Конвенција за жива.

На 131-та седница беше усвоен Финансискиот план на Агенцијата за супервизија и капитално финансирано пензиско осигурување, како и на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2020 година.

Next Post

Нормализиран сообраќајот на Плетвар

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk