ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Би-Би-Си: Полицијата во Египет користи апликации за состаноци за да лови ЛГБТ лица

Би-Би-Си објави транскрипти и извештаи како египетската полиција лови ЛГБТ лица на апликации за запознавање

January 31, 2023 13:08
in ДЕНЕС, СВЕТ

Во Египет хомосексуалноста е силно стигматизирана, а долго време има тврдења дека полицијата лови ЛГБТ лица преку интернет. Би-Би-Си објави докази и разговори меѓу жртвите и полицијата, за тоа како властите користат социјални мрежи и апликации за состаноци за да стигнат до ЛГБТ лицата.

Според Би-Би-Си, во доставените полициски извештаи за апсење се содржат транскрипти од разговори кои покажуваат дека тамошните власти ги користат апликациите за да бараат ЛГБТ лица, иницираат СМС разговори со нивните мети, а во некои случаи дури и фабрикуваат докази против нив.

„Откако пораснав во Египет, свесен сум за распространетата хомофобија која продира во секој дел од неговото општество. Но, пријателите ми кажуваат дека атмосферата неодамна станала многу побрутална, а тактиката за следење на ЛГБТ луѓето пософистицирана“, изјавува за Би-Би-Си, ЛГБТ лице кое било таргет на тамошната полиција.

На ЛГБТ луѓето во Египет им е исклучително тешко да се сретнат јавно, така што апликациите за запознавање се популарен начин за тоа. Но, само користењето на апликациите, пишуваат од Би-Би-Си, без оглед на вашата сексуалност, може да биде основа за апсење врз основа на поттикнување разврат или закони за јавен морал во Египет.

Не постои експлицитен закон против хомосексуалноста во Египет, но кривичното дело „разврат“ – закон за сексуална работа, се користи за криминализирање на ЛГБТ заедницата.

Мета не се само Египќаните, велат од Би-Би-Си, во еден транскрипт, полицијата опишува идентификување на странец кој ја користел популарната апликација за состаноци за хомосексуалци „Grindr“. Странскиот државјанин започнал разговор со полициски доушник, кому му испратил слики од него и неговото тело. Тој потоа бил уапсен, обвинет за „разврат“ и на крајот депортиран.

Инаку, Египет е еден од стратешки најважните западни сојузници на Блискиот Исток и секоја година добива милијарди долари поддршка од САД и ЕУ. Околу половина милион британски туристи ја посетуваат земјата годишно.

А .Р.

Tags: ЕгипетЛГБТ
Next Post

ЕП в четврток може да го укине имунитетот на двајца европратеници поврзани со случајот „Катаргејт”

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk