ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ЕП в четврток може да го укине имунитетот на двајца европратеници поврзани со случајот „Катаргејт”

January 31, 2023 13:13
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европскиот парламент се очекува во четврток да гласа за барањето на белгиските власти за укинување на имунитетот на европратениците Марк Тарабела (Белгија) и Андреа Коцолино (Италија), кои наводно се поврзани со случајот што стана познат како „Катаргејт“.

Комитетот на ЕП што ги оценуваше барањата за одземање на имунитетот, денеска, на затворена седница, едногласно го поддржа инсистирањето на обвинителството, соопштија белгиските медиуми, цитирајќи ја известувачката Манон О’бри.

Комитетот забележа дека Тарабела и Коцолино не се спротивставиле на одземањето на нивниот имунитет и дека за случајот се користи забрзана постапка.

О’бри прецизираше дека на денешната одлука влијаеле признанијата на Антонио Панцери и Франческо Џорџи, кои беа приведени во декември.

Поранешниот европратеник Панцери, обвинет дека е шеф на организирана криминална група за влијание во корист на Катар и Мароко, е сведок на обвинителството и се надева дека ќе добие казна од пет години затвор во замена за целосно признание.  Џорџи, пак, кој беше негов парламентарен асистент и партнер на поранешната заменик-претседателка на ЕП, Ева Кијли, исто така призна дека е вклучен во незаконски активности.

При апсењето на поранешната потпретседателка Кајли, нејзиниот татко,  Џорџи и други наводни членови на криминалната група, белгиските инспектори пронајдоа над 1,5 милиона евра во готовина.

Tags: Андреа КоцолиноЕвропски парламентМарк Тарабела
Next Post

„Транспаренси Интернешнел“: Унгарија со најмногу корупција во цела ЕУ

Shortcut

Најново

Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Масовен „Марш за слобода“ во Приштина во пресрет на пресудата во Хаг: „Цело Косово ве чека, ослободители!“

September 12, 2026

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026
30 години независност, 2021

35 наспроти 30 години независност: 25 пати повеќе пари, нула транспарентност

September 12, 2026
Никола Спасов

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 12, 2026

Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk