ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Беџети: Преку „солидарниот данок“ компаниите треба да покажат поголема општествена одговорност

February 3, 2023 11:41
in PMD, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Целосно уверен во позитивните ефекти од данокот на екстра профит кој како предлог закон наскоро треба да биде усвоен од страна на Собранието,  професорот Абдилменаф Беџети, во изјава за Локално, ги наведува сите негови придобивки.

Тој посочува дека на  потребата од ваков, специфичен данок во услови на специфични околности  укажувал уште пред неколку месеци.

„Во кризен период има компании кои направиле големи профити, не по нивна заслуга туку поради конјуктурите на пазарот во време на криза. Јас ги нареков данок на надпросечни профити (суперпрофити) во однос на просечните профити од годините пред кризите (на пр.2019 год.)“, вели Беџети.

Во оваа насока  посочува примери на земји од ЕУ чии мерки се многу подрастични и порадикални, односно применуваат дури и такви високи стапки кои преставуваат, како што вели ,конфискација на профитите.

„Грција воведе 90% данок на профити на енергетски компании, кое се разбира јас не ја оправдувам но само наведувам до каде одат тие мерки“, вели Беџети.

Тој се повикува и на примерите на  Хрватска, Чешка, Словачка, Полска, и многу други држави кои исто така вовеле  вакви даноци. Во оваа насока според него е и препораката на Европската комисија, сите земји членки да  воведат т.н. ,,windfall tax,, и тоа во високи маргинални стапки.

„Нашата влада направи поблаго фискално решение, кое апсолутно го подржувам и дури апелиравме кај компаниите за повисока општествена одговорност за загрозените од кризата бидејќи и намената на овие дополнителни даноци е  за социјално загрозените категории како и за најпогодените компании“, посочува Беџети.

Називот „солидарен данок“ според него е несоодветен бидејќи основна карактеристика на данокот е наметливоста а не солидарноста но како што заклучува, сепак најважна е целта, а таа е неспорна.

Предлог-законот за данок на екстра профит според Владата има солидарна функција и треба да обезбеди пари  што во целост ќе се користат за финансирање на програма за мерки за справување со кризата. Проценките на министерството за финансии се дека со овој данок би биле опфатени околу 200 компании и се проценува дека ќе се соберат 70 до 80 милиони евра, кои ќе се трошат за анти-кризни мерки.

Со став во однос на ова решение вчера излезе и министерот Бектеши.

„Ако знаеме дека ЕУ за нашата држава обезбедила 80 милиони евра во делот на справување со енергетската криза, секако дека ние треба да покажеме посветеност и тие кои направиле дополнителни добивки да плаќаат повеќе, споредбено со тие кои биле целосно поддржани од страна на државата за да опстојуваат и да ги зачуваат работните места“, објасни Бектеши.

Според него, со данокот ќе бидат опфатени и енергетските компании кои се формираа минатата година, а посебно компаниите во делот на снабдувањето со нафта и нафтени деривати, имајќи предвид дека маржата им била зголемена во време на енергетската криза зашто повикувале дека нема да снабдуваат, односно дека нема да работат со бензинските пумпи. Сомнеж во ефектите од посакуваната цел искажаа од Сојузот на стопански комори посочувајќи дека пред да се воведат нови даноци за компаниите кои веќе плаќаат, треба да се најде начин како тие што не плаќаат, да се внесат во системот.

 

Tags: Абдилменаф Беџетиданокот на екстра профитпредлог закон
Next Post

Бесими: Нема никаква дилема дека тоа што е право на вработените ќе се оствари

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk