ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Од приходите од игрите на среќа ќе се финансира борбата против семејното насилство

February 3, 2023 18:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА

 Владата донесе одлука за распоредување на приходите од игрите на среќа и од забавните игри во 2023 година за финансирање на програмските активности на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, на здруженија за борба против семејно насилство и Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Како што информира владината Прес-служба, се распоредуваат средства во износ од 69 милиони денари од приходите од игри на среќа и забавни игри за 2023 година за финансирање на годишните програми на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, за финансирање на програмските активности на Националниот совет на инвалидските организации, на Националниот сојуз на слепите, на Националниот сојуз на глуви и наглуви, на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет – Мобилност Македонија и на Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – Порака.

Дополнително, 9,71 милиони денари ќе бидат наменети за финансирање на програмските активности на Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија, на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Македонија – Македонски параолимписки комитет и на Националниот сојуз на инвалиди на трудот.

– За финансирање на програмските активности на здруженија за борба против семејното насилство е определен износ од 4 милиони денари, за здружението Кризен центар Надеж, Организација на жени на Град Скопје и Национален совет за родова рамноправност, се наведува во соопштението од 124-та и 125-та седница на Владата.

За финансирање, пак, на Годишната програма на Црвениот крст на Република Северна Македонија е предвиден износ од 8 милиони денари, како и средства за обезбедување на трошоци за проектни активности кои не се покриени од страна на донатори во висина од 6 милиони денари и средства во висина од 2 милиони денари за реализација на Проект за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за летен распуст 2023 година.

– Одлуката ќе ја спроведе Министерството за труд и социјална политика, согласно месечен план за исплата на овие средства, се додава во владиното соопштение

Tags: ВладаМТСПодлукасемејно насилство
Next Post

РЦЦ: Почнаа номинациите за Жена претприемач од Западен Балкан за 2022 година

НАЈНОВО

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025
Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Трамп не ја исклучува можноста за испраќање американски трупи за одржување на мирот во Украина

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk