ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Ако навистина сме луѓе, туѓото страдање нè обврзува повеќе од сопственото

February 8, 2023 12:11
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, ТРАГЕДИИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Понекогаш луѓето мислат дека нивните проблеми се најголеми. Реков „понекогаш“, не, мислев на „секогаш“. Луѓето мислат дека нивните проблеми се најголеми, бараат излез, бараат скривница. Понекогаш мислат дека животот е селфи, мислат дека е важно да се биде на плажа, да се гледа во зајдисонце, а потоа да се оди во првиот „плажен“ бар и испива Мохито. Го знаете она чувство: го чекате крајот на летниот ден, а во еден од баровите на плажа доаѓаат оние „кул“ момци и девојки кои се враќаат од „сурф“.

Неколку минути подоцна, сонцето ќе исчезне во морето, а младите ги оставаат своите вотки, пива и мохита на шанкот, ги уклучуваат своите смарт-телефони и како војска од андроиди, притискаат на копчето за да ги снимаат своите „машки“ мускули и „женски“ гради, така изложени на најголемата кич позадина на светот.

Потоа, загледани во своите телефони ја прегледуваат видео снимката на своето его кое го покрива заоѓањето на сонцето, видеото го закачуваат на социјалните мрежи и со лесен чекор се враќаат кај своите столови за да ги продолжат своите разговори и испијат своите коктели. Се враќаат на она место кога настапи моментот за совршено селфи.

А потоа од нигде-никаде те треска земјотрес.

Сликите, тој призор од земјотресот во Турција е страшен, чудовишен, лудачки. Деца, млади и стари, затрупани под блоковите на зградите ни сведочат за неверојатна човечка трагедија. Скролам на мојот телефон за да го погледам тој призор во кој, за неколку секунди, зграда се руши до темел. За неколку секунди завршуваат тие интимни и лични истории на семејства кои никогаш нема да ги дознаеме. Се руши еден свет во жарнот наречен природна катастрофа. Понекогаш, во наплив од туѓо страдање, мислам дека на ваков начин, последните 500 години човечка историја, ќе се избрише за само неколку секунди.

Има нешто стоички во тоа човек да ја истрпи својата судбина (или трагедија); но нема ништо благородно во тоа да се премолчи туѓата мака и страдање. Оној што е спремен туѓата трагедија да ја премолчи заради сопствена корист помош му нема. Постојат трагедии, постојат мерки на ужасот пред кои, чувствуваме, молчиме или исклучително внимателно зборуваме.

Додека јас ги типкам овие зборови и сум жив, што значи дека сум во некоја смисла и среќен, луѓето во Турција ги оплакуваат своите мажи, синови и ќерки. Количината на среќа и количината на солзи е стална и непроменлива. Денес сме среќни додека другите плачат. Утре ќе плачеме ние. Сета слава на овој свет е ништо.

Ако дозволиш славата да те понесе, ако се соживееш со неа, ниско си паднал. Секоја трагедија е трауматичен упад во Реалното што го растура симболичкиот оквир. Многу страшни трагедии видовме последниве години: корона, војната во Украина, а сега и страшниот земјотрес во Турција. Христ стигнува предоцна за живите, човечката правда стигнува предоцна за мртвите. И едното и другото како да ни се лизга од рацете, протекува низ прстите, испарува во бесконечноста.

Ако веќе не постои ништо друго реално освен раните и страдањето, тогаш тие нека бидат сврзно ткиво за братството меѓу луѓето на овие две земји: Северна Македонија и Турција.

Вечно сум им благодарен на нашите луѓе и институции кои безрезервно им помагаат на луѓето од Турција кои ги зафати страшна трагедија. Тие наши луѓе, за некои од нас непознати херои, ја заслужуваат мојата вечна почит и воодушевување.

Има нешто кое сите џелати на овој свет не го разбираат.

Раните се добри, раните се свети.

Затоа што раната е, велеше големиот Руми, место во кое светлината влегува во тебе.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

 

 

Tags: земјотресстрадањеТРАГЕДИЈА
Next Post

Ковачевски – Дион: Се очекува Северна Македонија да го задржи правецот по којшто се развива

Shortcut

Најново

Роботи во здравството (фото извор: Edge Medical)

Европски успех на домашно тло: Прва „Single Site“ роботска операција во земјата

June 11, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

Реакција на СДСМ: Мицкоски ја смени приказната – од „нема избори“ до „избори многу скоро“

June 11, 2026

Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

June 11, 2026

Премиерот Мицкоски тврди: Македонскиот раст на БДП е меѓу најдобрите во Европа

June 11, 2026

„Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

June 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk