Жители на Општина Ѓорче Петров, кои ја водат фејсбук страницата „Наше Ѓорче“ објавија низа фотографии на својот профил, на кои се гледа расфрлан отпад и градежен шут.
„Градоначалникот Александар Стојкоски ветуваше Ѓорче без отпад, граѓаните се дават во ѓубре, депонии на секој чекор. Очигледно е дека градоначалникот „ни се смее во фаца” со ваквата негрижа за општината. Затоа е најнеспособниот градоначалник“, стои во објавата.