ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Реформските приоритети за исполнување на eвроатланските аспирации немаат алтернатива

-Признание е членство во НАТО, а прашање на денови е и отпочнувањето преговори со ЕУ за да влеземе во последна фаза до членство во Унијата. Отворањето на портите на НАТО и ЕУ за полноправно членство во сојузите со стратешки партнери беше поткрепено и со решавањето на соседските прашања кои претходните политички гарнитури не ризикуваа да ги преземат. Во начинот на кој ги решивме отворените прашања со Грција и Бугарија меѓународната заедница препозна модел за решавање и на најсложените политички прашања во овој регион, додаде Спасовски.

February 6, 2020 13:43
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија ги стави на забрзана трака реформските приоритети за исполнување на евроатланските аспирации, со јасна перспектива и силна политичка волја дека тие аспирации немаат алтернатива и дека нашата земја ќе го даде и го дава сопствениот придонес да биде видена како земја со стратешка улога во нашиот регион, изјави денес од Крива Паланка премиерот  Оливер Спасовски, при осначување на почеток на градежни работи за реконструкција и рехабилитација на државниот пат А2, делница од Крива Паланка до граничен премин со Р. Бугарија, Деве Баир.

-Овој патен правец Крива Паланка – Деве Баир кој е дел од значајниот Паневропски коридор 8 само го потврдува  партнерството на ЕУ и нејзините финансиски институции со Република Северна Македонија  со што се потврдува дека евроспката интеграција на РС Македонија и на Западен Балкан е препознаена како геостратешка позиција за стабилна, силна и обединета Европа базирана на зеднички вредности и стандарди. Ваквите признанија доаѓаат и од постигнатите резултати на РС Македонија и претставуваат силна движечка сила за интензивирање на реформските напори во насока на градење вистинско европско, демократско општество во земја која до пред три години континуирано паѓаше од криза во криза, рече Спасовски.

Според него, со остварените резултати за само две и пол години, следувале и признанијата.

-Признание е членство во НАТО, а прашање на денови е и отпочнувањето преговори со ЕУ за да влеземе во последна фаза до членство во Унијата. Отворањето на портите на НАТО и ЕУ за полноправно членство во сојузите со стратешки партнери беше поткрепено и со решавањето на соседските прашања кои претходните политички гарнитури не ризикуваа да ги преземат. Во начинот на кој ги решивме отворените прашања со Грција и Бугарија меѓународната заедница препозна модел за решавање и на најсложените политички прашања во овој регион, додаде Спасовски.

Како што рече, РС Македонија реши да се определи да ја интензивира и регионалната соработка со сите нејзини инструменти.

-Сосема е јасно дека поврзување на регионот е предуслов за поврзување со ЕУ од која дојде и политичката и финансиска подршка за инклузивните структури и иницијативи во целиот регион кои со овој настан се потврдуваат како реални. Нам ни останува со континуираните реформи и целосна посветеност на нашите европска и евро-атланска агенда да ги утврдиме нашите партнери од ЕУ дека подршката што ни ја даваат нема да биде изневерена. Сакам да искажам благодарност и до евроамбасадорот Жбогар за целосната поддршка што ни ја дава за реализација на сите проекти и да ни помогне во нашето обебедување европски перспективи. Благодарност до сите со кои успеавме, на чело со Владата на РС Македонија, да направиме еден чекор напред кон подобрување на условите за живот и развој на Крива Паланка, Куманово и целиот регион, порача Спасовски.

Реконструкцијата  и рехабилитација на патот од Крива Паланка до Деве Баир ќе се реализира со средства во висина од 12,5 милиони евра, обебедени од ЕБОР, Европска унија и ЈП Државни патишта.

Next Post

Села: Една политичка партија не треба да го блокира донесувањето на законот за јавно обвинителство

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk