По објавување на веста дека соработници на министерот Наќе Чулев се повикани на разговор за објавување на тајни информации, реагираше министерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој во својот демант индиректно најавува нешто друго. Нарекувајќи ги информациите како дезинформации, тој предупредува дека може да следуваат и други активности на како што ги нарекува “параполициски, судски и обвинителски структури”, што може да значи дека постои можноста за нови апсења поврзани со полициски функционери а водат кон негови блиски соработници.
„Според моите информации, во наредниот период се очекува, покрај вакво изнесување на невистини да се преземаат и други слични активности кои се резултат на спрегата помеѓу параполициски, судски и обвинителски структури, блиски до СДСМ и подземјето со цел попречување на истрагите кои се во тек, а се однесуваат на криминалните дејствија поврзани со претходната структура“, вели Чулев во реакцијата.
По ваквата реакција на јавноста се појави претпоставка, дали Наќе Чулев спрема алиби пред евентуално апсење на функционери и службеници од неговиот кабинет или негови блиски соработници!?
А. Зеќири