Мирјана Лазарова-Трајковска, судијка во Врховниот суд на Северна Македонија и поранешна судијка на Европскиот суд за човекови права во Стразбур за едногласната одлука на судот да ја прогласи аболицијата на поранешниот претседател Иванов за „недопустлива“, за „Рацин“ изјави дека „ЕСЧП одлучи со одлука да ги отфрли жалбите во врска со можни повреди на правото на правично судење на жалителите кои се повикаа на дадените па повлечени помилувања“.
„Ова од причина што, Судот може да прифати случај само откако ќе бидат исцрпени сите домашни правни средства, и во рок кој во време на поднесувањето бил шест месеци сметано од датумот на кој е донесена конечната одлука од страна на националните власти.
Во секој степен од постапката, Судот може да одлучи да отфрли определена жалба од списокот на предмети. Во конкретниот случај, иако жалбата, по оценка на Судот била дека жалбите треба да се отфрлат поради неисцрпеност на домашните правни лекови и можел да ги отфрли жалбите и во рана фаза на поднесување во фoрмација од Комитет од тројца судии, тој сепак предметот го одлучил во совет од седум судии заради неговата комплексност и важност за подносителите на жалбите но и за националните власти.
ЕСЧП оценил дека жалителите не ги искористиле сите редовни и вонредни правни лекови кои им ги нуди националното право, а за кои во предходни пресуди и одлуки судот прифатил дека се ефективни правни лекови и одлучил да ги отфрли жалбите.
Ваквата одлука на Судот може да влијае само во однос на преиспитување од страна на жалителите дали сѐ уште останале можности за покренување на правни лекови пред националните судови или во некои постапки тие рокови се поминати“, вели во изјавата судијката.