Се очекува во најкус период Законот за данок на екстра профит да се најде пред пратениците на пленарна седница, откако власта го поднесе во Собранието по скратена постапка. За да биде усвоен, најпрвин треба да го помине филтерот во Комисијата за финансирање и буџет, но дел од членовите побараа текстот да се најде на поширока јавна расправа.
Во меѓувреме, дел од економските експерти го поздравија предложеното законско решение. Според професорот Ванчо Узунов не треба да се користи називот „данок на солидарност“, бидејќи, како што додаде, ова е данок на екстра профит и се однесува на компании кои за време на ковид кризата, но и енергетската криза направиле големи профити, а истовремено други загубиле многу.
Узунов додава дека иницијативата за ваков закон се должи на фактот што не се отварија најавените промени со прогресивното оданочување.
– Аналогно на блок тарифите на струја, така е и со овој данок, ако некој троши повеќе струја ќе плати повеќе, така е и со данокот. Секој може да прави профит, но редно е да плати и данок согласно профитот кој го направил, додава Узунов.
Според универзитетскиот професор ќе има притисоци од страна на компаниите и коморите, бидејќи природно е тие да не сакаат поголеми даноци, но економски гледано овој данок е оправдан зашто нашето економско законодавство е слабо регулирано, односно се плаќаат малку даноци.
Целата анализа прочитајте ја на следниот линк!