Бидејќи цело време зборувате за Пазар 3, треба да проверите, денеска има две објави, едниот е во Свети Николе, другиот во Гостивар, а има и една објава за бело магаре. Потпретседателе да дадеме шанса до сабајле што значи тоа магаре во смисла на тоа што вие правите во целиот овој период, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески обраќајќи се на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Собранието каде се дебатираше за реконструкцијата на Владата.
Откако беше завршен претресот за разрешување на министерот за здравство Беким Сали, но не се гласаше и од ВМРО-ДПМНЕ и порачаа на власта да се пребори пред гласањето во наредните денови, Митревски им возврати „кога зборуваат за мнозинство да се свртат во своите редови да не им фали некој“.
-Цело време критикуваат и сега викаат обезбедете 61 за да се разреши, фактички тоа што критикувале, велат ние нема да гласаме за тоа што критикуваме. И добро е што се споменуваат бројки мислам дека од 44 пријавени се 37, и кога зборувате за мнозинство да се свртите во своите редови да не ви фали некој, рече Митревски, дополнувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ гласале против се што значи развој за граѓаните и државата, ги организираат лекарите на бојкот и прават се да дојдат во ситуација да немаат плати и да има криза во државата.
Избегавте, посочи Митревски, од секое значајно гласање. – Лажно зборувавте за македонскиот јазик како дијалект на бугарскиот јазик а избегавте вчера кога се гласаше македонскиот јазик да биде официјален како јазиците на ЕУ. Заедно со вашиот колега Џамбаски организирате заеднички глупости во државата но прочитани сте, рече Митрески