Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера го привеле В.Х.(41) од Скопје.
При претрес во неговиот дом на подрачјето на Центар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, сопшти МВР.