Денеска се одржа протестен марш во организација на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.
Новинари во рака држеа транспаренти во кои порачаа дека „нема да се извинуваат за незгодните прашања“, дека „нема да молчат“, како и дека „сиромаштија = автоцензура“.
Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски изјави дека законите важни за медиумите не се спроведуваат и дека „Владата ја создала најголемата редакција“.
– Државните институции и нивите директори имаат проблем да сфатат дека не е транспарентност кога со денови чекате одговор, а добивате пр памфлет за објава. Локалните и регионални медиуми работат на раб на издржување, Безбедноста на новинарите не е на ниво на кое би сакале да биде, истакна Чадиковски, .
Претседателот на ССНМ, Павле Беловски истакна дека новинарите не молчеле кога никнувало новинарството во земјата.
-Не замолчевме ни кога не затвораа, тепаа, малтетираа и кога ги губевме нашите работни места. Создадоа џин овде. Тој џин сме ние овде. Тој џин нема намера да молчи и нема да затскрие ништо, освен да ја објави вистината, потенцира Беловски.
Тој истакна дека новинарите се се повеќе шиканирани и тој наратив потекнува од повеќе извори.
-Гледаме дека и високи функционери навредуваат. Оваа ситуација мора да сопре, дециден е Беловски.