Поранешниот премиер Зоран Заев, во изјава за „Мактел“ реагира на обвинувањата на новинарот, Драган Павловиќ – Латас, кој во интервју за јутјуберот Лазаров вели дека тој „се обидел да го уништи и него и целото негово семејство за да му се одмазди, кажа и дека паднал во депресија поради прогонот на СЈО и дека дури разимслувал и да се самоубие“.
-Многу лош и злобен човек, му помогнав и нему и на неговиот син кој требаше да се лечи во Германија, дојде да ме моли и да плаче во кабинет кога станав премиер, јас простувам и не сум злопамтило особено помагам на оние кои се во невоља без разлика што направиле против мене и моето семејство… Нека му служи на чест што ниту е благодарен па дури и ја манипулира и лаже јавноста дека сум сакал да му наштетам и да му се одмаздам – изјави Заев