Меѓународниот Аеродром „Скопје“ денеска преку електронска пошта доби закана за поставена експлозивна направа и случајот веднаш го пријавивме во Министерството за внатрешни работи. Единици на МВР веднаш ги презедоа сите неопходни мерки и проверки, и утврдија дека заканата е лажна, соопштија од управата на ТАВ Македонија.
Од МВР претходно изјавија дека веднаш по добиените пријави, полициски службеници презеле мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки, а се преземаат мерки за расчистување на случаите.