Лестер е фаворит во борбата за играчот од средниот ред на Ливерпул, Адам Лалана, пренесува „Телеграф“. 31-годишниот Англичанец, чиј договор со тимот од Мерсисајд истекува во летото 2020 година, најверојатно ќе оди кај „лисиците“.
Според весникот, решавачката улога во ситуацијата ја игра фактот дека Лестер го води Брендан Роџерс. Стратегот од Северна Ирска беше тој кој го привлече Лалана во Ливерпул летото 2014 година.
Се известува дека покрај Лестер, уште три лондонски екипи имаат интерес за играчот од средниот ред: Тотенхем, Арсенал и Вест Хем.
Лалана досега има 19 натпревари за Ливерпул оваа сезона. Тој постигна еден гол и направи две асистенции.