ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Целта е Законот за работни односи да го донесеме во втората половина од 2023 година

March 2, 2023 14:03
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА

Во Охрид денеска се оддржа десеттата јавна расправа за новиот предлог закон за работни односи на која претставниците на министерството за труд и социјална политика, ги презентираа новитетите на новото предлог законско решение за работни односи. На јавната расправа беа поканети и присуствуваа претставници од бизнис секторот и претставници од општината.

Јавната расправа ја отвори министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, која пред присутните го истакна значењето на носењето на новото законско решение со кое ќе се елиминираат досегашните дилеми околу толкувањето на одредени одредби со кои се соочуваат практичарите.

„Целта на одржувањето на овие јавни расправи е заедно да дојдеме до решение кое ќе одговора и на работодавачите и на работниците. Да се слушнат сите коментари, сугестии и мислења, а потоа врз основа на нив се направи усогласување и се дојде до квалитетен закон кој ќе одговори на потребите во нашето општество,” истакна Тренчевска.

Таа информираше дека по оддржување на јавните расправи, работната група ќе ги разгледа сите коментари, како и истите бидат усогласени со сите социјални партнери.

„Нашата цел е законот за работни односи да го донесеме втората половина од 2023 година, односно на почетокот на втората половина од годината влезе во владина процедура, а потоа и собраниска процедура,” истакна Тренчевска.

Новото законско решение е усогласено со меѓународните стандарди и ратификувани конвенции.

Од страна на претставниците на министерството, кои се експерти во областа на трудовото право, беа презентирани дел од новитетите на новото законско решение, како што се времетраењето на договорите за вработување на определено време, работата од далечина, работата на куќните помошници, породилното отсуство, работата на малолетните лица, годишниот одмор, регистрацијата на синдикатите и друго.

Беше посочено дека направени се и промени во дефинирањето на одредени поими, со цел правилно толкување на институтите.

Договорот за вработување на неопределено време останува да биде стандардот кој кон се стремиме. Кај договорот за вработување се прецизираат случаите кога се склучува нов договор, а кога анекс. Договорот за вработување на определено време, се лимитира на времетраење до две години со можност за склучувања на најмногу три договори кај ист работодавач.

Кај сезонската работа, се воспоставува договор за вработување на повторливи сезонски работи, каде што доколку работникот кој ќе продолжи да работи и следната сезона, работодавачот му ги плаќа придонесите преку целата година. Доколку работникот неоправдано не се јави на работа следната сезона, треба да ги врати уплатените средства на работодавачот . Ова претставува сигурност и за работникот и за работодавачот.

Работата од далечина е исто така новитет преку примена на информатичко комуникациски технологии и е уредена по урнек на европскиот рамковен договор за вршење на работа од далечина и подготвени се одредби соодветни на нашите услови. Местото на работа го избира работникот. А двете страни го уредуваат работното време и достапноста на работникот за потребите на работодавачот, техничката поддршка, средствата и опремата која ја обезбедува работодавачот, како и заштитата на приватноста на работникот. Платата на куќните помошници да се исплаќа во парични средства и да не биде помала од минималната плата. Работникот со работно време пократко од полното се изедначува со правата на работникот со полно работно време, освен платата која се исплаќа пропорционално според работното време кое го работел.

Наместо досегашното породилно отсуство, се предвидува поделба на отсуството на мајчинско, татковско и родителско отсуство. Мајката има пет месеци мајчинско и четири месеци родителско отсуство. Но, дополнително, тука се и четири месеци на родителско отсуство на таткото.

Има промена и кај регистрацијата на синдикатите, сега постапката би започнала со регистрација во Централниот регистар, па потоа во регистарот во Министерството за труд и социјална политика.

Кај ангажирање на младо лице, кое е вклучено во наставно образовен процес, по завршувањето на наставата може да работи 2 часа дневно и 12 часа неделно. Практичната обука во летниот период , кога младите лица се надвор од настава, ќе можат да работат 35 часа неделно или 7 часа дневно. Промени има и кај горната граница на годишниот одмор, односно се иззема горната граница.

На крајот од јавната расправа беа објаснети дел од забелешките на присутните и беа прифатени конструктивните коментари дадени од страна на работодавачите.

Tags: Закон за работни односиТренчевска
Next Post

Подољак: Руските тврдења за украински диверзанти кај Бријанск се „намерна провокација“

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

August 16, 2025

Зеленски: Без трилатерална средба, треба да следуваат построги санкции за Русија

August 16, 2025

Стармер: Зеленски мора да учествува во идните мировни преговори

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk