Ана Коракаки ја добие честа да биде прва жена во историјата со која олимпискиот факел ќе тргне од „родното место“ на Олимписките игри кон Токио, градот домаќин на настанот ова лето. Таа е носител на златен медал во стрелаштво од Игрите во Рио де Жанеиро пред четири години.
Предводник на грижливо подготвената церемонија ќе биде грчка актерка која ќе се појави во улога на грчка свештеничка и ќе го запали оганот со помош на огледало во облик на сад со фокусирање на топлина на сончеви зраци кон факелот.
Факелот потоа ќе биде предаден на Коракаки, а во првите седум дена ќе мине низ Грција пред да биде врачен на официјални лица од Токио на церемонија во Атина. И во последната „измена“ од штафетното предавање на факелот ќе биде жена – Катерина Стефаниди која се закити со злато во скок со стап во Рио во 2016 година