Полициски службеници од ЕВР Гази Баба денеска на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје ги лишија од слобода С. С. (24), Р. С. (20) и А.С. (54) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење на животни“.
Како што информира МВР, делото го сториле вчера околу 13:00 часот на улицата „Коце Металец“ во Скопје каде измачувале коњ.
Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.
Видео од коњ како бил влечен за возило во Скопје се појави на социјалните мрежи.
Од снимката се гледа како животното паѓа откако автомобилот за кој е врзан вози брзо за да не направи гужва во сообраќајот.
За момент, коњот паѓа, по што возилото застанува, а од него излегуваат тројца луѓе за да го кренат, по што продолжуваат да го влечат.