ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Мистеријата на коронавирусот: Децата се помалку подложни, а научниците не знаат зошто

Епидемијата на коронавирусот беше објавена на 31 декември, но во тој момент ниту едно дете помало од 15 години не беше меѓу заразените, се до 22 јануари. Во студија објавена во медицинското списание „Њу Ингланд“ се наведува дека „децата изгледа помалку се подложни на инфекцијата, а и кога ќе се заразат со коронавирус имаат многу поблаги симптоми од возрасните“

February 7, 2020 17:58
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Научниците низ светот настојуваат што подобро да го проучат коронавирусот, а еден од непознатите факти кој се уште не можат да го разјаснат е податокот дека децата се помалку подложни на оваа инфекција.

Епидемијата на коронавирусот беше објавена на 31 декември, но во тој момент ниту едно дете помало од 15 години не беше меѓу заразените, се до 22 јануари. Во студија објавена во медицинското списание „Њу Ингланд“ се наведува дека „децата изгледа помалку се подложни на инфекцијата, а и кога ќе се заразат со коронавирус имаат многу поблаги симптоми од возрасните“.

Во меѓувреме, лекарите регистрираа неколку нови случаи на зараза со коронавирусот кај деца. Се заразија деветмесечно девојче во Пекинг, дете од Германија чиј татко бил болен и едно дете од Шенжен во Кина, кое било заразено со вирусот, но немало никакви симптоми.

Кинеските власти завчера информираа дека кај бебе во Вухан, 30 часа по раѓањето, е потврдено присуство на коронавирусот, а инфекцијата била потврдена и кај мајката.

– Од се што досега утврдивме и поради причини кои не ни се јасни, изгледа дека од коронавирусот, пред се, заболуваат возрасните, изјави за „Бизнис инсајдер“ Ричард Мартинело, вонреден професор по инфектологија на Медицинскиот факултет на Јејл.

Симптомите на новиот коронавирус се слични на воспаление на белите дробови или грип – треска, кашлица, висока температура, отежнато дишење и болки во грлото.

Коронавирусот има многу сличности со САРС од чии последици од ноември 2002 до јули 2003 година починаа 774 луѓе, а повеќе од 8.000 се заразија. Меѓу нив имаше и заразени деца, но само 80 лабораториски потврдени случаи и 55 потенцијални или сомнителни случаи.

Next Post

(ВИДЕО) Шилегов во најкратката епизода на „30 прашања со“

Shortcut

Најново

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk