ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Битиќи: ЕУ интегративниот процес на земјата е стабилен и изборот е јасен

March 3, 2023 12:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи jа заврши тридневната официјална посетата во Брисел на која Република Северна Македонија ги отвори поглавјата 9 – Финансиски услуги и 28 – Права на потрошувачи и јавно здравје од Кластерот 2 – Внатрешен пазар, кој е еден од носечките кластери и поради својата големина, но и поради важноста, бидејќи во него се содржани поглавјата за 4-те основни слободи кои се основата на договорот за воспоставување на Европската Унија.

Битиќи изјави дека интегративниот процес на земјата е стабилен и изборот е јасен, Северна Македонија целосно интегрирана во Европската Унија, констатација која произлезе од состанокот со европскиот комесар за економија, финансии, даноци и царина, Паоло Џентилони, со кого оствари средба за време на работната посета во Брисел. Битиќи посочи дека Џентолини ја потврди заложбата и ставот на Европската комисија дека Северна Македонија е од стратешко значење за Унијата.

„Силно сме посветени на усогласување на правото и регулативите на Европската Унија со цел полноправно членство. Но поважно, подготовка и зголемување на конкурентноста на домашната економија со цел што побрза и полесна транзиција кон единствениот пазар на ЕУ. Од нас зависи, ние мораме да работиме дома, сите заедно кон исполнување на оваа цел до 2030 година”, рече Битиќи.

Вицепремиерот посочи дека за постигнување на оваа цел, патот е јасен, засилено усогласување на препораките и директивите од Европската комисија, зајакнување на конкурентноста преку инвестиции кои носат додадена вредност, вложување во образование и инвестиции во истражување и развој како и човечкиот капитал.

„Да креираме пазар на труд кој ќе може да биде подготвен за четвртата индустријализација, конкурентен и лесно прилагодлив. Да продолжиме со унапредување на регионалната соработка преку редефинирање на синџирите на снабдување како и диверзификација на изворите на енергија и зголемување на капацитетите од обновливи извори на енергија”, изјави Битиќи.

Заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции оствари уште неколку официјални средби со генералните директори во Директоратот за образование, млади, спорт и култура, како и Директоратот за истражување и развој и на овие состаноци беше изразена искрена поддршка на евроинтегративниот процес на Северна Македонија.

На состанокот со директорот на ЦЕФТА беа дискутирани тековните и идните планови и економски политики кои ние како рамноправен член на ЦЕФТА сме се обврзале да ги имплементираме, додека на состанокот со Eurochambers беше искажана подготвеност за поддршка од комората која ги обединува најголемите стопански комори во Европа со цел побрза интеграција на Северна Македонија во ЕУ.

Tags: БитиќиЕУ
Next Post

Апасиев со тужби сака да ги замолчи основачите на Левица

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk