ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Угледен адвокат од САД прогласен за виновен за убиство на сопругата и синот: До последно тврдеше дека е невин, па направи фатална грешка

March 3, 2023 13:48
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МАГАЗИН, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Поротата во Јужна Каролина во четвртокот го прогласи поранешниот угледен адвокат Ричард Алекс Мардог за виновен за убиство на неговата сопруга и синот, по шестнеделни сослушувања кои го привлекоа вниманието на јавноста ширум Соединетите држави, пренесува Јутарњи.

12-члената порота, по речиси три часа размислување, го прогласи Мардо (54) за виновен по две точки од обвинението за убиство на неговата сопруга Меги (52) и најмладиот син Пол (22), кои беа егзекутирани од непосредна близина до куќата за кучиња на нивниот семеен имот на 07.06.2021 година.

Мардо ја бранеше својата невиност за време на драматичните шестнеделни рочишта и стоеше без емоции додека се читаше пресудата. Неговиот адвокат побара поништување на пресудата, што судијата веднаш го одби.

„Доказите за вина се непобитни“, рече судијата Клифтон Њуман.

Мардо е потомок на влијателно семејство од областа Чарлстон. Иако се изјасни за невин за убиствата, тој призна дека лажел за своето алиби и финансиските злосторства што ги направил, што го наруши неговиот кредибилитет кај поротата.

По изрекувањето на пресудата му се закануваат 30 години затвор.

Случајот привлече големо медиумско внимание со оглед на огромната политичка моќ на семејството во округот Колтон, каде што се одржа судењето.

Со децении, до 2006 година, членовите на семејството служеа како обвинители во областа, а Мардо беше истакнат адвокат.

За време на судењето, обвинителите го претставија Мардо како лажго и тврдеа дека само тој има средства и можност да ги изврши убиствата. Тие изведоа 60 сведоци, вклучувајќи пријатели и колеги, кои сведочеа дека тој крадел милиони од неговата адвокатска канцеларија повеќе од една деценија.

Тие тврдеа дека ги убил сопругата и синот за да ги прикрие наводните финансиски злосторства, вклучително и кражба на милиони долари од партнери и клиенти за да ја финансира неговата зависност од опијати и раскошниот начин на живот.

Меѓу најсилните докази беше признанието на Мардо минатата недела за лажно алиби ноќта кога се сторени убиствата.

Мардо го смени сведочењето откако поротата слушна аудио доказ дека тој бил на местото на злосторството неколку минути пред да бидат извршени убиствата.

Документарниот филм „Murdaugh Murders: A Southern Scandal“ беше еден од најгледаните филмови на Нетфликс во САД минатата недела.

Tags: Мардогубиство
Next Post
Споменик Гоце Делчев на Плоштад Македонија. Фото: М. Ацковска / Фронтлајн

Македонија е меѓу најдобрите земји за живот во Европа

Shortcut

Најново

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk