ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Копаоник бизнис форумот посветен на клучните предизвици на Западен Балкан

March 6, 2023 13:32
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

На овогодинешниот јубилеен 30. Копаоник бизнис форум, кој ќе трае од 5-ти до 8-ми март, пријавени се околу 200 говорници кои ќе земат учество на 34 панели, 3 пленарни сесии и 4 специјални настани. Повеќе од една третина од панелите ќе бидат посветени на целиот регион и на предизвиците со кои се соочуваат државите од Западен Балкан, со учество на реномирани експерти и еминентни имиња од регионалната економска и политичка сцена.

Централната тема на форумот ќе биде Отпорноста на економијата во неизвесни времиња – Клучни предизвици за Србија и Западен Балкан, за што во текот на 4 дена ќе зборуваат скоро 200 панелисти, претставници на академската заедница, на меѓународните финансиски институции, на стопанствениците, на стопанските комори од регионот.

„Форумот и овој пат ќе ги собере експертите од регионот со кои ќе разменуваме стекнати знаења и искуства и врз основа на тоа, ќе настојуваме да оформиме соодветен одговор на предизвиците пред нас. Нашата намера е од година во година сите проблеми да ги согледуваме регионално, со цел да ги елиминираме пречките за соработка што постојат на политичкиот, но и на економскиот план “, истакна Александар Влаховиќ, претседател на Сојузот на економисти на Србија.

Ова значи дека и овој пат српскиот Давос ќе биде место на кое аналитички ќе се дискутира за  бројни теми и ќе се покренат конструктивни расправи и критички аналии, не само од макроекономската сфера, туку и од сите области кои се важни за развој на економијата и општеството.

Заедно со домашната политичка и економска елита на форумот ќе присуствуваат и  директорите на меѓународните финансиски институции на Западен Балкан и Србија, како и претставници на стопанските комори на земјите во регионот.

Копаоник бизнис форум оваа година одбележува значителен јубилеј – три децении на постоење. За овие 30 години, повеќе од 15.000 учесници поминаа низ форумот, се одржаа повеќе од 400 панели на кои учествуваа во околу 4.000 панелисти. Овие бројки најдобро илустрираат колкави се влијанието и важноста на Копаоник бизнис форумот.

Tags: Копаоник бизнис форумот
Next Post

Полицијата презема мерки за пронаѓање на исчезнатиот 26-годишен скопјанец кој се поврзува со Љубе Бошкоски

НАЈНОВО

Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

October 30, 2025

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk