ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Конференција „Униформа, оклоп кој значи ранливост – нашата секојдневна борба на два фронта” – пораки за родова перспектива, рамнотежа и родова еднаквост

March 6, 2023 14:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

На панел два од конференцијата на тема: „Униформа, оклоп кој значи ранливост – нашата секојдневна борба на два фронта”, зборуваа, Магдалена Несторовска, државна секретарка во Министерството за внатрешни работи, првата жена Аѓутантка на Претседателот на РСМ, Пендаровски, Билјана Блажевска и професорката на Факултетот за безбедност Стојанка Мирчева.

„Користете ја својата позиција, својата функција своето работно место, за да ги смените и подобрите условите за работа, да ги смените законите, да ја смените реалноста на начин кој ќе овозможи што помалку жени да бидат жртви на насилство, на трговија со луѓе, на злоупотреби, на дискриминација, што повеќе жени  да добијат соодветна заштита ако се нападнати, да добијат  помош  ако им е потребна, зошто, жените се најчесто  ранлива категорија. Застанете зад жена, секогаш ама секогаш, кога е жртва на насилство, кога е нападната, омаловажена, дискриминирана, кога е жртва на говор на омраза, кога е исмеана, или повредена!,” Магдалена Несторовска, државна секретарка во Министерството за внатрешни работи.

Првата жена Аѓутантка на Претседателот на РСМ, Пендаровски, Билјана Блажевска, посочи дека,   жените и мажите мора да се обединат во заедничка и инклузивна мисија за спроведување на позитивна промена.

„ Затоа, треба да продолжиме да ги промовираме правата на жените и да се стремиме да обезбедиме родова перспектива, родова рамнотежа и родова еднаквост.  Кога зборуваме за унапредување на родовата еднаквост, не зборуваме за „де факто” еднаквост помеѓу мажите и жените, туку за создавање услови за жените да имаат еднакви можности како и мажите за да го постигнат својот целосен потенцијал.

Во пресрет на Денот на жената,Блажевска порача: „Би сакала да ги охрабрам сите млади жени  да бидат храбри, самоуверени и да имаат доверба во себе, да се издржливи и да се стремат да докажат дека сме способни да постигнеме се. Да направат промена, а не да чекаат друг да ја направи промената за нас. Или, како што се вели, БИДИ ПРОМЕНАТА КОЈА САКАШ ДА ЈА ВИДИШ ВО СВЕТОТ.

Професорката на Факултетот за безбедност Стојанка Мирчева, посочи дека, сериозен предизвик за жените во униформа е соочување со мачоизмот, сексуално вознемирување, сексизам, минимизирање и патернализирање односно татковски однос кон женските колешки со што се минимизира улогата на жената.

 „Целта е преку полициската култура и субкултура да го постигнеме балансот и родовата еднаквост но не за задоволување на бројките, туку за постигнување вредности. Сметам дека времето е зрело за да се менува односот и полициската култура,” истакна Мирчева.

Tags: Конференцијародова еднаквост
Next Post

Тренчевска: Семејството на деветмесечното бебе кое почина вчера од туберкулоза живее во добри услови

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk