ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

СДСМ: Коалицијата Арсовска-ДПМНЕ-Левица против проектот за Универзална сала

March 8, 2023 09:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Коалицијата Арсовска-ДПМНЕ-Левица застана против проектот за реконструкција на Универзалната сала, каде работите стојат во место повеќе од една година, откако градоначалничката реши да не го продолжи овој проект. Не ја ставија ниту на дневен ред на Советот на Град Скопје иницијативата на советничката група на СДСМ за времено отстапување на Универзална сала од Град Скопје на Владата на Република Северна Македонија, која е подготвена да ја заврши реконструкцијата, соопштија утрово од СДСМ.

За реконструкцијата се обезбедени средства во износ од 120 милиони денари од Владата, од кои искористени се само околу 40 милиони, што значи дека за овој проект на располагање се уште 80 милиони денари.

„Владеачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ – Левица во град Скопје и Арсовска, и покрај обезбедните средства, ја оставија Универзалната сала да пропаѓа. Ако веќе Арсовска не сака и не може да ја доврши реконструкцијата на симболот на Скопје, Владата која е и финансиер на овој проект, има и волја и можност тоа да го стори.

Арсовска-ДПМНЕ-Левица не ги засега ниту тоа што Универзална сала, како носител на проектот Скопје Европска престолнина на културата – 2028 година е влезена во потесниот избор.

Универзална Сала, како симбол на Скопје и на солидарноста, градена по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, со донации од десетици држави, не е единствениот проект што е закочен или прекинат од локална власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

Со неспособната коалиција Арсовска-ДПМНЕ-Левица, град Скопје назадува и не е во состојба да ги испорача ниту најосновните функции за граѓаните“, додаваат од партијата на власт.

Tags: Град СкопјеУниверзална
Next Post

АПИС бара да се обрати пред пратениците за законските измени за игрите на среќа

Најново

Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026
Фото: Фб страница на Зоран Љутков

Комисија за култура на СДСМ: Јубилејот на Драмски театар помина без неговите вработени

April 22, 2026
Илустрација Фронтлајн

„Евромор“ и „Правфонд“ на црната листа на ЕУ: Замрзнати средствата на руските пропагандни субјекти

April 22, 2026
Фото: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНАЛ: Светот влегува во „предаторска ера“ – колапс на меѓународното право и човековите права

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk