ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Костадиновска-Стојчевска: Во документите мора да се почитува официјалниот македонски јазик

March 8, 2023 10:37
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Сведоци сме на она што се случува секојдневно во говорниот и во пишаниот македонски јазик и затоа носењето на Законот за употреба на македонскиот јазик претставува навистина многу голем чекор. Со него ќе се дорегулираат правните норми за заштита и негување на македонскиот јазик и што треба секоја институција да направи за да може да придонесе кон заштита на јазикот во таа исклучително важна форма бидејќи претставува еден од шесте илјади јазици коишто активно се зборуваат во светски рамки – рече вчера министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во гостувањето на Објектив на МРТ1.

– Ова претставува еден модел на дополнување, заедно со Законот за заштита на културното наследство, бидејќи македонскиот јазик е официјален јазик на територијата на целата држава, и како таков е уреден со Уставот, а бидејќи ние сме земја потписничка на конвенцијата на УНЕСКО за заштита на материјално и нематеријално наследство, македонскиот јазик е дефиниран како духовно наследство и претставува и треба да ужива категорија на заштита од највисок вид. Сметам дека со овој закон ќе се придонесе да се доунапредат јазичните норми во јавното говорење и да одговориме на сите измени што се случуваат, но и да ги дорегулираме. Она што мене ми е навистина драго е да продолжиме да го афирмираме македонскиот јазик и надвор од границите на нашата држава, дали тоа ќе биде во рамките на културно-информативните центри на нашата држава што ги имаме воспоставено или преку соработка со разни странски универзитети каде што, морам да кажам, забележуваме навистина голема заинтересираност за изучување на македонски јазик – истакна таа.

Министерката појасни дека Законот за употреба на македонскиот јазик веќе е влезен во владина процедура и откако ќе се добијат потребните мислења од релевантните институции, влегува во собраниска процедура.

Костадиновска-Стојчевска додаде дека секојдневно сме сведоци на злоупотреба и неправилна употреба на македонскиот стандарден јазик и навистина има потреба многу лектори да се вработат во државни институции, а тоа ќе поттикне и нови студенти да се запишат на оваа група на Филолошкиот факултет.

– На крајот на денот, јас мислам дека навистина треба да ја зголемиме и свеста за да си го почитуваме сопствениот јазик, бидејќи треба да одговориме на секоја општествена промена што се случува, но мораме да си го зачуваме јазикот таков како што ни е уникатен, со свои особености, онаков со каков што се гордееме. Ако ние немаме свест како треба да се пишуваат имињата на фирмите, на пример, да биде тоа модерно име, име што ќе одговори, што сакаат да го слушнат младите и ќе биде атрактивно некаде надвор од државата, сепак мора да бидеме и свесни дека ние сме Македонци и дека тоа име треба да соодветствува на нашата земја на нашиот јазик – додаде таа.

Според неа, иако имало наслови во медиумите дека министерката ќе казнува за да го наполни буџетот, сепак ќе биде формиран Инспекторат чија функција ќе биде во насока на подобрување на употребата на македонскиот јазик. Улогата на Инспекторатот е да следи дали навистина ќе се вработуваат лектори во институциите, и да укажува за неправилности при употребата на македонскиот стандарден јазик.

Tags: Костадиновска Стојчевскамакедонски јазик
Next Post

Зеленски: Со заземањето на Бахмут Москва би имала „слободен пат“ кон источна Украина

Shortcut

Најново

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

July 31, 2026

Премиерата на „Три сестри“ во МНТ со превод на англиски јазик

July 31, 2026

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk