ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Не можеме да се пофалиме со успех на застапеноста на жените во извршната власт, вели Тренчевска

March 8, 2023 11:00
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Родовата еднаквост е борба за сите нас, таа не признава политичка припадност, вели министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во интервју за Студио 10 на ТВ 24.

Таа потсетува дека денеска прв пат во историјата на Собранието ќе се одржи пленарна седница посветена на успесите и неуспесите во делот на родовата еднаквост во последните 20 години.

-Ќе се одбележи и 20-годишнината од основањето на Клубот на парламентарки. Пратеничките се оние кои се изборија да се одржи ваква седница, на која ќе се зборува за положбата на жените во државата, за тоа каде бевме и каде сме со цел да имаме повеќе права, вели министерката.

Таа истакнува дека во моментов има 51 жена од 120 пратеници или 42 отсто што е над европскиот просек, но додава дека не можеме да се пофалиме со успех на застапеноста на жените во извршната власт, во која има само пет министерки и две заменички. Во локалната самоуправа во советите, пак, вели министерката, има добри резултати, но разочарувачки е бројот на градоначалнички, само две од 81 општина.

Тренчевска појаснува дека ова е резултат на квотата за правична застапеност на жените или афирмативна акција. Министерката додава дека се покажало оти квотата е нужна, затоа што кај нас се уште нема свест за родова еднаквост.

-Апсолутно треба да се стремиме жени да бидат на највисоките функции вклучително и за првпат да имаме жена претседателка на државата, вели Тренчевска.

Во интервјуто се осврнува и на говорот на омраза кон жените, кој како што вели, е многу раширен во државата.

-За тоа придонесуваат социјалните мрежи каде луѓето можат да си кажат се што сакаат. Мене лично повеќе ме повредува кога атакуваат врз моето семејство, отколку кога изнесуваат квалификации за мене лично. Жени кога ќе влезат во политиката имаат расчистено со тоа дека ќе бидат предмет на родови напади, нагласува министерката за труд и социјална политика.

Таа вели дека креаторите на политики, функционерите и администрацијата треба да биде на терен за да имаат увид во вистинската состоба.

-Не е само да се обезбеди социјална заштита на загрозените лица и семејства, ние мораме да се посветиме и на менталното здравје и економското јакнење на жените, ја појаснува Тренчевска целта на Карванот за родова еднаквост. а

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Извршна властМТСПродова еднаквостТренчевска
Next Post

Гутереш денеска пристигна во Кијив

НАЈНОВО

Зоран Божиновски исклучен од ЗНМ за сериозни етички повреди и родово базирано вознемирување

October 3, 2025

Вестминстерска алијанса за Украина: Дебата во Рим за идентификување конкретни предлози за улогата на „Коалицијата на волните“

October 3, 2025

Едно лице загина во хеликоптерска несреќа во Сиднеј

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • фото: ФБ профил на Елка Јачева Улчар

    Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Српски пасоши за Руси – нова алка во руското влијание на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реџепи, Лимани и Османи со јасна предност – две победи во прв круг, една во вториот круг на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел Фајфер: Да знаев дека ќе станам баба, немаше да преземам толку многу работа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk