ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска-Стојчевска: Жените борци се лекција за идните генерации што значи да се бори за државата што ја имаме денес

March 8, 2023 14:49
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Секогаш кога поминувам во центарот на Скопје, Споменикот на жените во НОБ во паркот „Жена борец“ ме потсетува и претставува доказ за храброста и сплотеноста на жените борци, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска по повод одбележувањето на 8-ми Март пред четириесет жени – продолжувачи на идеите на жените борци и членки на Сојузот на борците.

– Со самиот факт дека од 100.000 жени кои се бореле во минатото, околу 25.000 биле убиени, а токму бројките нѐ потсетуваат дека сите жени во борбата биле еднакви, буквално од селанки до учителки и интелектуалки, се бореле рамо до рамо со своите машки другари, покажувајќи дека жените се исто толку способни и храбри како и мажите. Тие се лекција за идните генерации како е да се бори за државата што ја имаме денес, додаде таа.

Таа додава дека голем број жени, исто така, учествувале во логистичка поддршка и служејќи како медицински сестри и докторки за лекување на ранетите, а масовното учество на жените било забележано во бунтовничките области, каде што и тогаш неуморно се грижеле за образованието, децата да учат во училиште, да се организираат културни активности и задруги, а со тоа јасно и гласно ја покажувале својата издржливост и снаодливост.

-Како горда внука на Пецо Гудовски, носител на Партизанска споменица 1941, пораснав со раскажувањето на настаните и подвизите на партизаните и партизанките, кои денеска ги раскажувам и на моите деца, за важноста и херојската борба против фашистичкиот окупатор и денеска, на Меѓународниот ден на жената, сакам јавно да се заблагодарам за сѐ што сториле жените борци за нас како жени, за придонесот во историјата на Македонците, вели Костадиновска-Стојчевска.

Таа додава дека жените борци го отворија патот за идните генерации девојки и жени, за да се инспирираме од нивната храброст и да продолжиме да градиме подобро, поправедно и еднакво општество за сите.

-Нивната храброст и пожртвуваност го отворија патот за слободата и просперитетот што ги уживаме денес во Северна Македонија, но мора да признаеме дека имаме уште многу работа за да се постигне вистинска родова еднаквост и мора да продолжиме да се бориме за правата на жените во сите области од животот.

Tags: жениКостадиновска СтојчевскаПрава
Next Post

Николовски: Заедно со земјоделците и најголемиот откупувач на сончоглед се подготвуваме за новата реколта

НАЈНОВО

Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

October 24, 2025

Дефект во системот ја блокира „Аљаска ерлајнс“: Привремено прекинати сите летови низ САД

October 24, 2025
Скриншот

Стармер врши притисок врз сојузниците за ракети со долг дострел за Украина

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk