Заменичката на претседателот на Влада задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска оствари средба со Гаџа Фати Вали, извршна директорка на Канцеларијата на Обединетите нации во Виена, како и на Канцеларија на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ).
Вицепремиерката Грковска изрази благодарност за поддршката што агенциите на Организацијата на Обединетите Нации (ООН) ги даваат на нашата држави и тоа за процеси кои се од клучно значење за економскиот и општествениот напредок.
Таа информираше дека нејзиниот Кабинет има одлична соработка со UNWOMAN и UNDP, додека UNODC е наш многу важен партнер, особено во однос на имплементацијата на Национална стратегија за јакнење на капацитетите за водење на финансиска истрага и Конфискација на имот, со Акциски план 2021-2023.
Извршната директорка Фати Вали изрази задоволство од добрата соработка што нашата држава ја има со Обединетите Нации и нагласи дека Северна Македонија успешно се справува со предизвиците со кои се соочува и во таа насока ООН се секогаш тука за поддршка и соработка.
Таа истакна дека проектите кои ООН ги поддржува се значајни, не само за Северна Македонија туку и за целиот регион и нагласи дека нашата држава е лидер во регионот во реализација на проектите.
Двете соговорнички разговараа за проектите кои што се во тек, но и за идните планови со цел уште повеќе да се продлабочи соработката меѓу ООН и Северна Македонија.
Вицепремиерката Грковска информираше за нејзината иницијатива за Форум на Југоисточна Европа на жени лидери за добро владеење и антикорупција, што ја реализира со поддршка на UNWOMAN, RAI и UNODC, кој ќе се одржи на 23 март 2023 година во Скопје.
Извршната директорка Фати Вали ја поздрави оваа иницијатива и изрази надеж дека таа ќе се унапреди уште повеќе.