„ВМРО-ДПМНЕ молчи за опструкциите и нивната улога во лажните закани за поставени бомби“, соопштија утрово преку соопштение од СДСМ.
Од Бихаќка тврдат дека најголемата опозициска партија ја попречува работата на институциите во спроведување на мерките со справување со заканите за поставени бомби во училишта.
Сметаат дека „со вакво неодговорно однесување, ВМРО-ДПМНЕ застанува зад хибридните напади, чија цел е создавање немир, тензии, недоверба и страв кај граѓаните“.
-Новите протоколи се изработени од експерти и со нив се гарантира безбедноста на учениците и наставниците, како и непречено одвивање на наставата. ВМРО-ДПМНЕ да престанат да ја опструираат и поткопуваат работата на институциите кои работат на обезбедување целосна безбедност на децата, на неутрализација на проблемот и овозможување непречена настав, велат од „Бихаќка“.