ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска – Агелер: Криволак е воен полигон од светска класа

March 10, 2023 18:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на САД, Анџела Агелер денеска го посетија армискиот полигон „Криволак“, каде се изведе вежба со хеликоптери од типот Black Hawk на копнените сили на САД, поддржани од припадници на Армијата на Република Северна Македонијa.

Министерката Петровска изрази задоволство што во изминатиот период полигонот Криволак се користи од страна на армиите на сојузничките земји и партнери, со што се покажува дека секоја инвестиција која што е направена во полигонот е оправдана.

 

Фото/ Ариан Мехмети

–Денеска заедно со амбасадорката Агелер сме дел од активностите кои се  составен дел на обуката за блиска воздушна поддршка со воздухопловите Black Hawk. Минатата година за само шест месеци одржани се 10 повеќедневни вежбовни активности на сојузничките армии и на партнерите од НАТО, а нашата Армија се разбира секој месец по неколку пати во текот на месецот ги извршува своите редовни вежбовни активности, меѓутоа и обуките на нашите припадници. Ова покажува дека секоја инвестиција која што е направена во тренинг центарот Криволак е оправдана и затоа сакам особена благодарност да изразам и до нашите партнери. Сојузништвото всушност е токму и тоа, грижа и поддршка едни со други“ истакна Петровска.

 Петровска се заблагодари за поддршката од САД подвлекувајќи дека само во последната година САД ја поддржаа македонската одбрана со 137 милиони долари, наменети за проектите за модернизација и опремување на Армијата.

Американската амбасадорка Агелер подвлече дека Криволак е полигон за обука од светска класа кој нуди одлични услови за извежбување. Ваквиот тип на обуки, додаде таа, ја покажуваат и потврдуваат силата на соработката и партнерството помеѓу САД и Република Северна Македонија.

–Денеска се хеликоптерите од типот Black Hawk минатата недела беа воздухопловите F-18. Секојдневно работиме заедно и развиваме нови начини за соработка, развој на интероперабилноста и зацврстување на безбедноста. Ние ќе продолжиме да помагаме во развојот на овој полигон со цел заеднички со сојузниците да реализираме уште повеќе вежби и обуки“, рече Агелер.

Амбасадорката на САД Анџела Агелер, Криволак, 10 март, 2023 фото: Ариан Мехмети

Обуката за блиска воздушна поддршка со воздухоплов од Копнените сили на САД се реализира во периодот од 5 до 11 март и вклучува два американски хеликоптери „Black hawk“

Назми Абдурахмани

Камера и фотографија: Ариан Мехмети

Извор: ЦИВИЛ Медиа

Tags: амбасадорката на САД Анџела АгелербезбедностБлек ХокКриволакМинистерка за одбранаобукаСлавјанка ПетровскасоработкаФ-18хеликоптериХорнетс
Next Post

Ковачевски - Нефју: Продолжува поддршката од стратешкото партнерство со САД во градење ефикасен систем за борба против корупција

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026
Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk