ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николоски: Зад договорот за Коридорите 8 и 10 д стои меѓународен конзорциум, со искуство во реализација на вакви проекти

March 13, 2023 10:58
in PMD, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Зад договорот за Коридорите 8 и 10 д стои меѓународен конзорциум, со искуство во реализација на вакви проекти, донесен е Закон за неговата реализација, што е усвоен во Собранието на РСМ, повеќе институции беа вклучени во преговорите и тоа носи само по себе одговорност.  Доколку има некакво сомнение од кој било, за тоа постојат надлежни органи и таму треба да се водат постапките. Веќе и беше објавено во јавноста дека Антикорупциска комисија отвора предмет за надзорот на изградбата на автопатиштата, вели во интервју за „Локално“ заменик-министерот за финансии на РСМ, Филип Николоски.

Важно е, според него, тука да се истакне важноста од реализација на овој проект дека средствата одат за капитален проект, „за подобрување на условите за живот, за подобрување на условите за водење бизнис, за поголема конкурентност на нашата економија, како и за полесно поврзување со коридорите од регионот“.

За најавата на пекарите дека ќе поднесат тужба за губитоците кои ги трпат поради замрзнување на цената на лебот на 33 денари, Николоски е дециден дека „одговорност мора да има при спроведување на политиките“.

-Мерки се носат и при тоа треба да се видат и ефектите, затоа што не може да се применува нешто за што се трошат пари од Буџетот, пари на граѓаните, а тоа да не дава резултати!, порача заменик-министерот.

Во однос на инфлацијата, Николски истакна дека за 2023 година нивната проекција за стапката на инфлација е 7,1 отсто.

-Секако не треба да заборавиме дека неизвесноста во глобални рамки се уште постои и треба да бидеме подготвени да се приспособуваме на тие услови, бидејќи ова е феномен со кој се соочуваат сите земји, а не само ние. Ние не може да влијаеме да ги смениме тие услови, но можеме да креираме политики со кои ќе ги заштитиме граѓаните и ликвидноста на компаниите. И тоа го правиме постојано, вели тој.

Целото интервју на следниот линк!

Tags: економијазамрзнување на ценикоридори 8 и 10 дНиколоскифинансии
Next Post

Велевска-Блажевска: Со лажните закани за бомби учениците индиректно се учат на неодговорност и како да лажат

НАЈНОВО

СДСМ: Скандалот во МВР со испитниот центар мириса на корупција

August 20, 2025

Белата куќа отвори официјален ТикТок профил во пресрет на можната забрана

August 20, 2025

Студија: Отпорноста на антибиотици предизвикува десетици илјади смртни случаи во Германија

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk