ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Активности на сопругата на претседателот Ѓоргиевска во Абу Даби

March 15, 2023 14:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска која го придружува претседателот Пендаровски во официјалната посета на Обединети Арапски Емирати, денеска во Абу Даби оствари средби со генералната директорка на Генералната унија на жени Н.Е. г-а Нура бин Калифа Ал Суваиди и Н.Е. г-а Рем бин Абдула Ал Фаласи, генерaлна секретарка на Врховниот совет за мајчинство и детство.

Ѓоргиевска присуствуваше и на форумот „Иновации, технолошки промени и образование во дигиталната ера за да се постигне родова еднаквост и да се зајакнат сите жени и девојки”, имаше можност да се запознае со неколку занаети кои се негуваат во ОАЕ, како и да посети изложби поставени во Одделот за наследство и занаетчиство при Генералната унија на жени на ОАЕ.

На средбата со Н.Е. г-а Рем бин Абдула Ал Фаласи, генерaлна секретарка на Врховниот совет за мајчинство и детство, беа разгледани можностите за остварување на соработка меѓу двете земји во областите од заемен интерес преку различни облици на активности и иницијативи. Имајќи предвид дека 15 март се одбележува како национален ден на децата во ОАЕ, Ѓоргиевска беше информирана и за напорите кои се вложуваат во ОАЕ за обезбедување соодветна здравствена заштита на децата, предучилишното образование, образовните процеси, како и промовирање на свесноста за човековите права.

Ѓоргиевска на средбата со генералната директорка на Генералната унија на жени, Н.Е. г-а Нура бин Калифа Ал Суваиди се запозна со визијата, мисијата и областите на делување на оваа фондација во чијшто фокус е зајакнување и претприемништво на жените во ОАЕ преку усвојување на политики, поставување планови и програми, покренување иницијативи и обезбедување на потребна поддршка за активно учество на жените во одржливиот развој.

Сопругата на претседателот присуствуваше и на форумот „Иновации, технолошки промени и образование во дигиталната ера за да се постигне родова еднаквост и да се зајакнат сите жени и девојки” во организација на Генералниот директорат и ОН Жени.

Во рамки на посетата Ѓоргиевска имаше можност да ги разгледа признанијата од меѓународни, арапски и локални организации од 1973 година досега, како и да дознае повеќе за работата и континуираните напори на Н.В. Шеика Фатима бин Мубарак за напредокот на жените и хуманитарните активности.

Исто така, Ѓоргиевска имаше можност да се запознае со занаети кои се негуваат во ОАЕ и различни видови на рачни изработки при посетата на работилниците од областа на културното наследство и изложбата на националните занаетчиски производи во рамки на Одделот за наследство и занаетчиство при Генералната унија на жени.

Tags: ЃоргиевскаОАЕРСМ
Next Post

Британско разузнавање: Русија веројатно ги ограничува патувањата на функционерите

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk