ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Фемицидот во македонските медиуми“, анализа на родово-базирани содржини во издание на ИКС

March 16, 2023 10:42
in PMD, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Во издание на Институтот за комуникациски студии, објавена е публикацијата „Фемицидот во македонските медиуми“, анализа реализирана од м-р Бојана Јовановска и м-р Јована Јовановска, пренесе „НОВА“.

Анализата на родово-базирани медиумски содржини „Фемицидот во македонските медиуми“ има цел да даде одговор како медиумското известување за случаите на фемицид, како најтешка форма на родово-базирано насилство, влијае на перпетуирањето на родовите стереотипи. Во оваа студија се анализирани три посебни случаи за фемицид во Македонија и фемицидот на Махса Амини во Иран од страна на полицијата. Медиумската анализа е изработена од Институттот за комуникациски студии во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија“, кој се реализира со поддршка на Британската амбасада во Скопје.

„Фемицидот претставува убиство на жена затоа што е жена и претставува најекстремна манифестација на насилство врз жените, која најчесто е
резултат на континуирана изложеност на насилство, при што сторителите најчесто се интимни партнери, членови на семејството или други лица познати на жртвата. Фемицидите може да се јават како резултат на различни видови традиционални сфаќања и пракси, кои и денес се широко распространети низ целиот свет. Така на пример, во некои општества сè уште одредени убиства на жени се сметаат за оправдани, како на пример убиството на жена поради изневерување на партнерот.“, пишува во воведот на студијата.

Според оваа анализа „моќта на медиумите често се потценува, особено во делот на штетата што несоодветното известување може да ја нанесе врз жртвите на родовобазирано насилство (секундарна виктимизација) и жените генерално, но и за превентивната улога што медиумите треба да ја имаат во оваа сфера.“

Tags: медиумиФемицид
Next Post

Членови и симпатизери на ДУИ почнаа да споделуваат слоган „Тој доаѓа“ - најава за првиот премиер Албанец?

НАЈНОВО

Федерацијата со апел до навивачите да дадат поддршка на македонските кошаркарки за мечот со Унгарија

August 19, 2025

Потпишан Меморандум за соработка со Германскиот археолошки институт на локалитетот Скупи

August 19, 2025

Ангелов: Сè уште активен еден крак на пожарот во ловиштето Јасен

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk