Медените јунаци во извонредно прикладен аутфит ќе зачекорат на црвениот тепих на „Долби“ театарот во Лос Анџелес.
Петчлената авторска екипа – режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, снимателите Фејми Даут и Самир Љума, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев и протагонистката во филмот – пчеларската кралица Атиџе Муратова за некој час ќе испишат историја и ќе бидат меѓу холивудската елита на свеченоста на 92-рото доделување на најпознатата филмска награда.
Атиџе блеска со сиот сјај што Холивуд може да го поднесе!
Напред екипа!
Ј. Ѓ.