ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ОБРАЗОВАНИЕ

Матурантите од ОДАС ќе бидат примени во МОН за да ги изнесат барањата за полагањето матура

March 17, 2023 14:45
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС) попладнево ќе има средба во Министерството за образование и наука за да го претстават барањето да се скрати испитниот материјал на полагањето на државната матура или да се намали бројот на интерни испити. Тие одржаа протест пред  МОН  на кој се придружија студенти организирани од движењето „Студентски отпор“ кои ги актуализираа нивните проблеми.

Анисија Угриновска од ОДАС изјави дека нивното главно барање е да биде скратен материјалот предвиден за матурата со оглед на сето тоа што, рече, оваа генерација матуранти го поминала во изминатите четири години.

-Поминавме низ онлајн-настава, дојави за бомби, штрајкови на професори коишто ги поддржавме, низ штрајкови на ЈСП кои го отежнаа доаѓањето на учениците во училиште. Сите овие фактори дефинитивно ќе влијаат на полагањето на државната матура. Ние сме најоштетена генерација и не сме имале една цела непрекината учебна година. Кажано ни е дека има скратен материјал, но ние немаме увид. Очекуваме средба со министерот Шаќири и таа ни е најавена за денеска, изјави Угриновска.

Барањето за скратување на материјалот, како што рече, е ефективно за сите и ургираат тоа барање побрзо да биде исполнето бидејќи полагањето на матурата почнува на 27 мај.  Скратувањето на испитниот материјал им е главно барање, а намалување на бројот на интерни испити е алтернативен предлог доколку не им биде исполнето првото барање.

Денешната реакција на Средношколскиот сојуз дека не е во интерес на матурантите да се намали бројот на интерни испити, Угриновска ја оцени како задоцнета.

-Минатата недела решаваа за бесплатниот превоз во ЈСП на учениците во приватните училишта, а не се обрна никакво внимание на актуелниот проблем што ги опфаќа сите средношколци – државната матура. Не се работи само за укинување на интерен предмет туку за решение што ќе биде ефективно за сите средношколци односно скратување на материјал за полагање на матурата, рече Угриновска која додаде и дека за други нивни иницијативи не биле контактирани од Сојузот.

Прашана колку средношколци претставува ОДАС, таа одговори дека имаат претседателство и дека „зад организацијата стојат средношколци кои ја поддржуваат идејата за подобар стандард на средношколците и студентите“.

На протестот пред МОН беа и студенти од движењето „Студентски отпор“ а да го изразат нивниот револт дека по протестот во ноември не е остварено ништо од тоа што им било ветено на студентите од Министерството за образование и наука и Владата. Бараат зголемување на субвенцијата за оброк од 160 денари на ден наместо сегашните 120.

Теодора Наумовска изјави дека им се придружуваат на матурантите зашто сметаат дека заедно можат да пратат погласна порака за нивните барања.

-Потсетуваме дека целта на овој протест е немање слух на Владата за нашите проблеми. Бараме зголемување на износот на субвенционираниот студентски оброк, почитување на роковите за исплата на субвенционираниот оброк кој доцни по еден месец и на стипендиите кои доцнат шест месеци. Излажани сме за подобрување на условите во студентските домови и нема ништо од реновирањето, условите и натаму се катастрофални. Бараме итно решение за овие проблеми и затоа денес го искажуваме нашиот револт на протестот пред Министерството за образование и наука, рече Наумовска.

Tags: МОНОДАСпротести
Next Post

Дуда: Украина треба да добие доволно оружје за да ја ослободи својата земја

Shortcut

Најново

Урсула фон дер Лајен, 16 септември 2026 (фото: ec.europa.eu)

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, Мицкоски нуди дијалог: Уставните измени остануваат клучниот чекор кон ЕУ

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

September 30, 2026

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

September 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk